ПРИРОДНИ НАУКИ






АКТИВ НА НАСТАВНИЦИ НА ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ реализација на целите по наставна програма за трето одделение продолжува да ја реализира на други online платформи







Наставен предмет:
Природни науки
Наставна содржина:
СЕТИЛА
ЦЕЛИ:
Го разбира значењето на нивните сетила,  истражува човечки сетила и начини на кои тие се користат за да се осознае светот
Вовед во активноста:

-          Отвори  го документот „Пет сетила“ и внимателно разгледај ги сликите. Размисли за секое сетило поединечно и одговори на поставените барања во работниот лист, според дадените упатства. Воедно, можеш да ја комплетираш сликата на човечката фигура, во која недостасуваат петте сетила. Обиди се убаво да ги исечеш и залепиш на соодветно место.

-          Во продолжение на документот, дадени се работни листови по нивоа. Одбери си едно ниво во кое ќе се чувствуваш сигурно и реши го. Доколку сакаш, може да ги решиш сите три нивоа. Твој избор и желба!

-          Отвори го документот „Моите сетила ме чуваат мене“ и  одговори како  твоите   сетила те чуваат безбеден/безбедна? и како и од што да ги заштитиш твоите сетила?

-          На крајот  направи отпечатоци од сите твои прсти и дланка (лева и десна рака) и сочувај ги една година, за да можеш да направиш споредба со отпечатоците на прстите и дланката наредната година (дали ќе има промени, какви и сл.)








Линк за активноста

Презентации

Видео или аудио запис

Формативно оценување

e-mail на наставникот
mmegovska@gmail.com
Наставен лист














































































Моите  сетила ме чуваат мене, јас  се грижам  тие добро да функционираат

Како  моите  сетила ме чуваат да бидам безбеден/безбедна?

Како и од што да ги заштитам моите сетила?



РАКА











 ОКО






 УВО








 УСТА






НОС









План за работа по предметот Природни науки за 24.3 - 26.3.2020 г.
Актив на трето одделение
Наставен предмет Природни науки
Наставна содржина
,,Вкус,,
Откривање различни вкусови (истажувачка активност)
Цели по предметот
-Да се оспособува да ги разликува сетилата кај човекот и да ја разбере нивната функција
-Да ги истражува човечките сетила и начини на кои тие се користат за да се осознае светот

Вовед во активноста
Носот и јазикот
Зорица ја праша баба си Живка :                                     
- Бабо ,кажи ми зошто имам две очи ,две уши,две нозе и раце,а само еден јазик и само едн нос?
Баба Живка и одговори :
-Зорке две очи имаш за да гледаш подобро.Две уши имаш за да слушаш подобро.Две нозе за да одиш побрзо. А имаш само еден јазик за да не збориш премногу.И еден нос за да не го пикаш каде што не треба!

·         Koи делови од нашето тело беа споменати во текстот?
·         Како ги нарекуваме сите тие делови со еден збор?

Денес ќе се запознаеме со сетилото за вкус-јазикот. Секој сетилен орган има посебни делови што се викаат рецептори.Овие рецептори праќаат информации до нашиот мозок преку долги нервни клетки.Така нашиот мозок знае што се сличува околу нас.Рецепторите во различни делови од телото реагираат на различни работи .



 На површината од јазикот се наоѓаат рецептори за вкус.Јазикот е покриен со јазични брадавички и долг е околу 10 сантиметри.Со јазикот чувствуваме дали нешто е солено или кисело,блато или горчливо,луто,ладно или жешко.

Обиди се сам/а

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување

Меил од наставникот
ivanaj5@outlook.com






План за работа по предметот Природни науки за 31.3.2020
Актив на трето одделение
Наставен предмет Природни науки

Наставна содржина
Како можеме да ги одредиме нештата околу нас - ,,Вид,,
Цели по предметот
Да се оспособува да ги разликува сетилата кај човекот и да ја разбере нивната функција

Вовед во активноста
Сетилото за вид е сместено во окото .Со очите гледаме се околу нас,читаме,пишуваме,гледаме бои,облици и движење.
Одговори на следниве интересни прашања.
1.Дали знаеш со кое сетило читаат слепите луѓе ?
2.Како се вика нивната азбука? Доколку научи обиди се во својата тетратка да си го напишеш името и презимето.
 https://i0.wp.com/resursi.literatura.mk/wp-content/uploads/2020/03/braevo_pismo.png?resize=300%2C217
3.Што гледаш по патот од училиште до дома?
4.Ако го изгубиме сетилото за вид,кое сетило повеќе ќе се развие?
5.Замижи со очите и обиди се да нацрташ цртеж по цвоја желба. (не е едноставно,нели! J Затоа чувај го својот вид  и грижи се за своите очи)


Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување

Меил од наставникот
ivanaj5@outlook.com





План за работа по предметот Природни науки за  2.4.2020
Актив на трето одделение
Наставен предмет Природни науки

Наставна содржина
Оптички илузии
Цели по предметот
Да се оспособува да ги разликува сетилата кај човекот и да ја разбере нивната функција

Вовед во активноста
Оптичките илузии се секогаш карактеризирани како способност за гледање слики кои во услови на здрав разум се лажни или неточни. Поради тоа, информациите кои ги собира окото се пратени од мозокот за да може на прв поглед да се даде перцепција, која не одговара на физичката мерка на изворниот стимулант. 
Во прилог ти ја доставувам презентацијата. Погледни ги внимателно сликите.На секоја слика има прашање кое треба да го одговориш.
Забавувај се !
Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување

Меил од наставникот
ivanaj5@outlook.com




План за работа по предметот Природни науки за 7.4.2020
Актив на трето одделение
Наставен предмет Природни науки
Наставна содржина
Слушање
Цели по предметот
Да се оспособува да ги разликува сетилата кај човекот и да ја разбере нивната функција
Вовед во активноста
Со ушите слушаме. Увото е орган за слух и рамнотежа од двете страни на главата. Со ушите слушаме говор, песна, музика, пријатни и непријатни звуци итн. Увото е составено од три дела – надворешно,средно  и внатрешно уво. Мораме да се грижиме за нашите уши, бидејќи тоа е врската помеѓу нас и надворешниот свет.



Обиди се да одговориш на неколку прашања и одговорите напиши ги во својата тетратка. Можеш да истражуваш на интернет.
1.Што треба да правиме за да не го оштетиме слухот?
2.Какви звуци слушаме околу нас ?
3.Наброј неколку :
а) природни звуци     б) вештачки звуци       в) животински звуци
г) пријатни звуци       д) непријатни звуци
                                                        Пријатна работа !
Занимливости

 Скакулецот слуша преку сетилен орган на неговите колена!
Добро сетило за слух е витално за преживување на повеќето животни.
Иако скакулецот нема надворешни уши како што имаме ние, тој сепак има сетилен орган за слушање наречен тимпанален орган, што е лоциран зад неговите нозе.

Меил од наставникот
ivanaj5@outlook.com







План за работа по предметот Природни науки за  9.4.2020
Актив на трето одделение
Наставен предмет Природни науки

Наставна содржина
                    Мирис
Цели по предметот
Да се оспособува да ги разликува сетилата кај човекот и да ја разбере нивната функција

Вовед во активноста
Сетилото за мирис се наоѓа во носот.Тоа ги препознава различните хемиски материи од воздухот т.е мирисите.Ние мирисот го чувствуваме така што кога вдишуваме ја примаме миризливата материја.Таа преку носната празнина оди во нервите кои пренесуваат сигнал до мозокот-одговорен да го препознае мирисот. Сетилото за вкус и мирис се поврзани.
                    

Вкуси,помирисај и забавувај се!
·         Со заврзани очи и затнат нос земи некоја храна. Јади! Ќе можеш ли да погодиш за која храна станува збор?
·         Затвори ги очите и мирисај  ја храната што ја јадеш.Погоди за која храна станува збор.
·         Опиши како се чувствуваш кога ќе помирисаш пријатен мирис, а како кога ќе помирисаш непријатен мирис?
·         Наброј пријатни и непријатни мириси.
Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување

Меил од наставникот
ivanaj5@outlook.com







План за работа по предметот Природни науки за 14.4.2020
Актив на трето одделение
Наставен предмет Природни науки

Наставна содржина
Употреба на нашите сетила
Цели по предметот
Да се оспособува да ги разликува сетилата кај човекот и да ја разбере нивната функција

Вовед во активноста
Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување

Меил од наставникот
ivanaj5@outlook.com