МАТЕМАТИКА





АКТИВ НА НАСТАВНИЦИ НА ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ реализација на целите по наставна програма за трето одделение продолжува да ја реализира на други online платформи




16.3.2020 год. ПОНЕДЕЛНИК

За да го досегнеш успехот пред себе секогаш постави си цел:

Ќе делам двоцифрени со едноцифрени броеви, чиј количник е малку поголем од 10 (пр,. 60 : 5 или 33:3).

Биди самостоен. внимателно следи ги насоките:


Потсетете се на таблицата множење и делење со броевите 2,3,4, 5 и 10. 
Повторете си дека множењето е скратено собирање на еднакви собироци, на тој начин што ќе претставите неколку множења со помош на цртеж.
      4 х 7 – претстави со цртеж во својата тетратка
       5х 8 -  претстави со цртеж во својата тетратка
       9 х 3 - претстави со цртеж во својата тетратка
     Со помош на знаењето дека делењето е спротивна математичка операција од множењето, пресметај ги задачите во НЛ(наставниот лист).
       Решените задачи можеш да ги испратиш на e – mail кај твојот наставник, или провери ја. точноста со твоите родители.



Забелешка: Кога ќе пишувате во својата тетратка, задолжително напишете наслов и датумот на изработка. 
Контакт: mmegovska@gmail.com






Наставен предмет:
Математика
Наставна содржина:
Делење и множење на двоцифрени со едноцифрени броеви
ЦЕЛИ:
 Го утврдува односот помеѓу множењето и делењето, го увежбува множењето и делењето на двосифрени со едноцифрени броеви
Вовед во активноста:
 -Отвори го прво документот „Множење и делење“ со цел да ги утврдиш овие два поими.
- Потоа  внимателно воочи на кој начин се множат десетките и единиците во дадениот пример-


Воочуваш дека бројот   5 се множи со десетката (10х5 = 50)а потоа со единиците (7х5=35).
Пресметај ги следниве изрази, според дадениот пример:
13х4 =
19х3 =
18х2 =
16х5 =
-          Разгледај ја внимателно табелата во НЛ и пополни ја. Следи ги упатствата кои се дадени во НЛ.

ДОДАТНА НАСТАВА- Доколку сакаш (не е задолжително) можеш    да научиш повеќе и да се забавуваш!-НЛ
Линк за активноста

Презентации

Видео или аудио запис

Формативно оценување

e-mail на наставникот
mmegovska@gmail.com
Наставен лист













































https://docs.google.com/presentation/d/1Gr67z1bQZ5XH0gY8vHpMTnvovpPYM74Z3KZ3uB_y69E/edit?usp=sharing










Наставен предмет:
Математика
Наставна содржина:
Измислува приказна за поставена задача вклучувајќи ги во тој контекст и парите.
ЦЕЛИ:
Ги разбираат и решаваат текстуалните задачи со пари и измислуваат приказна за поставена задача
Вовед во активноста:
-          Разгледај ги внимателно производите и нивните цени кои се дадени во документот„ Распродажба“.
-          Пресметај според дадените барања во првата задача. Одговорите запиши ги во тетратка. Внимавај на правилното поставување на бројниот израз, како и на сите правила при нивно решавање(употреба на заграда, предност на математички операции и слично).
-          Внимателно прочитај ги текстуалните задачи бр. 2,3,4,5,6 и 7 и реши ги. Притоа не заборавај да дадеш одговор на истите. Задачите запипи ги во тетратка,
-          Осмата задача ти поставува проблем  за кој ќе треба да пронајдеш решение. Решението ќе успееш лесно да го најдеш само доколку ја разбереш убаво задачата. Читај ја повеќе пати...
-          Последната задача ти нуди 4 пресметки (бројни изрази) за кои ти треба да осмислиш самостојно текстуална задача, но при тоа да биде логична. Среќно!
Линк за активноста

Презентации
Видео или аудио запис

Формативно оценување

e-mail на наставникот
mmegovska@gmail.com
Наставен лист
























План за работа по предметот Математика за 18.3.2020
Актив на трето одделение
Наставен предмет: Математика
Наставна содржина
Го користи комутативното својство на множењето

Цели по предметот
Проверува резултати од множење со примена на комутативно својство

Вовед во активноста
Потсети се на таблицата множење. На пр.2*5, 4*3, 5*3 итн.Потоа смени ги местата на множителите и пресметај го нивниот производ.Што забележуваш?
2*5=10;  5*2=10 ; 4*3=12;  3*4=12; 12*5= 60;  5*12=60
Заклучок- Ако множителите си ги променат местата производот не се менува. (комунитативно својство на множењето )
Обиди се сам/а: Сега сам/а реши ги задачите и промени ги местата на множителите.
12*3=            15*2=           23*4=          16*5=        13*10=           21*2=
34*4=            25*3=           17*4=          19*2=         31*4=            18*5=              
Видео или аудио запис
  
Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување

Меил од наставникот
ivanaj5@outlook.com







Наставен предмет:
Математика
25.03.2020
Наставна содржина:
Комутативно својство на множењето
ЦЕЛИ:
Го користи комутативното својство на множењето за да го провери резултатот од множењето, на пр: проверува дека 6 ∙ 4 = 24 со множење 4 ∙ 6.
Вовед во активноста:
-          Досега учевме дека доколку множителите си ги променат местата, производот нема да се промени, како што е дадено во примерот.
-          6х4=24     и 4х6=24
-          Првиот множител ни објаснува на колку места имаме еднакви собироци, а вториот множител ни објаснува за кој број станува збор.
6х4=24     Претстави со цртеж!!!













 

 4 + 4 + 4 + 4 + 4 + 4 = 24
 





4х6=24     Претстави со цртеж!!!
6 + 6 + 6 + 6 = 24
 






Научивме и дека ако од производот  го поделиме едниот множител, ќе го добиеме другиот множител.

24:4=6    Претстави со цртеж!!!






Со помош на цртеж, претстави ги бројните изрази:
3х7=21     7х3=21         21:3=7       21:7=3

Сега ти преостанува само да пресметаш неколку изрази. Со среќа!
Линк за активноста

Презентации

Видео или аудио запис

Формативно оценување

e-mail на наставникот
mmegovska@gmail.com
Наставен лист



























Наставен предмет:
Математика
06.04.2020
Наставна содржина:
3Д форми
ЦЕЛИ:
Разликува 3Д форми според бројот и видот на страните, бројот на темињата и рабовите.
Вовед во активноста:
-          Разгледајте ја страната 85 во учебникот по математика.
-          Одговорете на 5 прашања кои ви се дадени во учебникот. Одговорите запишете ги во својата тетратка.
-          Петтата задача ве става пред занимлив предизвик. Од различни материјали да направите 3 Д форма. Бидете упорни и трпеливи и ќе успеете.
Линк за активноста

Презентации

Видео или аудио запис

Формативно оценување

e-mail на наставникот
mmegovska@gmail.com
Наставен лист
























Наставен предмет:
Математика
09.04.2020
Наставна содржина:
2 Д и 3Д форми - утврдување
ЦЕЛИ:
Препознава 2Д и 3Д форми, линии на симетрија и прави агли во околината.- ИКТ
Вовед во активноста:
-          Разгледајте го наставниот лист и одговори на поставените барања.
-          1.Опиши ги геометриските тела, определи колку рабови, темиња и ѕидови имаат.
-          2. Разгледај ги убаво ѕидовите на телата и одговори какви форми имаат.
-          3.Дадени ти се 7 3 Д форми со нивните мрежи. Разгледај ги убаво мрежите на 3 Д формите и размисли колку оски на симетрија би можеле да се повлечат?Запиши го бројот наоските покрај формата.
-          Избери си една 3 Д форма и обиди се правилно да ја нацрташ нејзината мрежа. Доколку оставиш простор за лепење, би можел/а да ја залепиш мрежата на картон и да направиш вистинска 3 Д форма (не е задолжително)
Линк за активноста

Презентации

Видео или аудио запис

Формативно оценување

e-mail на наставникот
mmegovska@gmail.com
Наставен лист






























ИСТРАЖУВАЊЕ  ГЕОМЕТРИСКИ  ТЕЛА









Наставен предмет:
Математика
13.04.2020
Наставна содржина:
Прав агол
ЦЕЛИ:
Препознава прави агли во 2 Д форми
Вовед во активноста:
-          Дали знаеш што е прав агол? Тој се мери во степени и еден прав агол е еднаков на 90 степени и го запишишуваме како 900  . Два прави агли споени еден до друг прават еден рамен агол (1800)
-          Разгледај во учебникот по математика на стр. 86.
-          Со помош на линијар, во кој има прав агол, измери ги формите кои ти се дадени во учебникот за да определиш дали аголот е прав, помал(<) или поголем (>).
-          Погледни ги часовниците на сликата во учебникот, задача бр. 3 и запипи дали означениот агол кој го формираат стреликите од часовникот е  90 степени, помал или поголем.
-          Нацртај (со помош на линијар), во својата тетратка 2 прави агли, 2 агли кои се поголеми од правиот агол и 2 агли кои се помали од правиот агол.
Линк за активноста

Презентации

Видео или аудио запис

Формативно оценување

e-mail на наставникот
mmegovska@gmail.com
Наставен лист































Наставен предмет:
Математика
13.04.2020
Наставна содржина:
Прав агол
ЦЕЛИ:
Препознава прави агли во 2 Д форми
Вовед во активноста:
-          Дали знаеш што е прав агол? Тој се мери во степени и еден прав агол е еднаков на 90 степени и го запишишуваме како 900  . Два прави агли споени еден до друг прават еден рамен агол (1800)
-          Разгледај во учебникот по математика на стр. 86.
-          Со помош на линијар, во кој има прав агол, измери ги формите кои ти се дадени во учебникот за да определиш дали аголот е прав, помал(<) или поголем (>).
-          Погледни ги часовниците на сликата во учебникот, задача бр. 3 и запипи дали означениот агол кој го формираат стреликите од часовникот е  90 степени, помал или поголем.
-          Нацртај (со помош на линијар, во својата тетратка 2 прави агли, 2 агли кои се поголеми од правиот агол и 2 агли кои се помали од правиот агол.
Линк за активноста

Презентации

Видео или аудио запис

Формативно оценување

e-mail на наставникот
mmegovska@gmail.com
Наставен лист





































Наставен предмет:
Математика
13.04.2020
Наставна содржина:
Прав агол
ЦЕЛИ:
Препознава прави агли во 2 Д форми
Вовед во активноста:
-          Дали знаеш што е прав агол? Тој се мери во степени и еден прав агол е еднаков на 90 степени и го запишишуваме како 900  . Два прави агли споени еден до друг прават еден рамен агол (1800)
-          Разгледај во учебникот по математика на стр. 86.
-          Со помош на линијар, во кој има прав агол, измери ги формите кои ти се дадени во учебникот за да определиш дали аголот е прав, помал(<) или поголем (>).
-          Погледни ги часовниците на сликата во учебникот, задача бр. 3 и запипи дали означениот агол кој го формираат стреликите од часовникот е  90 степени, помал или поголем.
-          Нацртај (со помош на линијар, во својата тетратка 2 прави агли, 2 агли кои се поголеми од правиот агол и 2 агли кои се помали од правиот агол.
Линк за активноста

Презентации

Видео или аудио запис

Формативно оценување

e-mail на наставникот
mmegovska@gmail.com
Наставен лист



Наставен предмет:
Математика
15.04.2020
Наставна содржина:
Цртање симетрични шари
ЦЕЛИ:
Црта и реализира црта рефлексии на форми (линија на огледало)
Вовед во активноста:
-          За претсоечкиот празник Велигден, ви предлагаме да нацртате симетрични шари на две велигденски јајца, кои се наоѓаат на НЛ.
Испечатете ги јајцата, доцртајте со симетрични шари, што значи да внимавате и левата и десната страна да бидат еднакви. Среќни празници!
Линк за активноста

Презентации

Видео или аудио запис

Формативно оценување

e-mail на наставникот
mmegovska@gmail.com
Наставен лист




























Наставен предмет:
Математика
21.04.2020
Наставна содржина:
2 Д и 3 Д форми-повторување
ЦЕЛИ:
Препознава и именува 2 Д и 3 Д форми, одредува агли, страни и темиња
Вовед во активноста:
-          Со НЛ -2 Д и 3 Д форми,ќе ги повториш сите знаења кои ги имаш за геометриските форми. Внимателно читај ги барањата во задачите и одговори ги. Доколку нешто не ти е јасно, прашај го наставникот.
Линк за активноста

Презентации

Видео или аудио запис

Формативно оценување

e-mail на наставникот
mmegovska@gmail.com
Наставен лист
НЛ-2Д и 3Д форми-повторување