МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК



АКТИВ НА НАСТАВНИЦИ НА ТРЕТО ОДДЕЛЕНИЕ реализација на целите по наставна програма за трето одделение продолжува да ја реализира на други online платформи





16.3.2020 год. ПОНЕДЕЛНИК

    Која е твојата цел?


Изразно да чита со почитување на интерпункциските знаци (правилна артикулација на гласовите, зборовите и речениците, интонација, дикција, темпо и паузи при читањето)

Активност

Текстот „Болното дрво“ се наоѓа во учебникот на страна 142. При читање следете ги следниве упатства:

-читајте изразно
-менувајте ја брзината и бојата на гласот;
-потрудете се да се почувствува во гласот тагата за мртвото дрво;
-клукајдрвчето треба да го претставите посебно: со тенок глас и брз ритам.
Провери сам:
Во тетратка да се одговорат прашањата:
-Каква порака ни испраќа писателот преку овој прекрасен расказ?
-Каков треба да биде нашиот однос кон природата?






План за работа по предметот Македонски јазик за 17.3.2020
Актив на трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Обработка на текстот „Болното дрво“
Цели по предметот
Самостојно да ја определува  содржинската структура  ( план на текстот)
Вовед во активноста
Текстот „Болното дрво“ се наоѓа во учебникот на страна 142. Прочитај го уште еднаш, а потоа со моливче обележи ги логичките целини и дај им наслов. Така ќе направиш план и истиот запиши го во тетратка.
Обиди се сам/а:
Користејќи го планот кој веќе го напиша, накратко прераскажи го расказот во својата тетратка. Внимавај на редоследот на настани!
Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување

Меил од наставникот




План за работа по предметот Македонски јазик за 18.3.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Обработка на ракописни латинични  букви
Гг и Зз
Цели по предметот
Да ги усвои малите и големите ракописни букви и да се оспособи за нивно поврзување во зборови
Вовед во активноста
Ø  Напиши пет збора со учените ракописни латинични букви.
Ø  Внимателно погледни во учебникот на страна 147 и воочи го начинот на кој се пишуваат ракописните латинични букви Гг и Зз.
Ø  Напиши по три реда од буквите во тетратката.
Ø  Во својата тетратка препиши ги зборовите и речениците кои се дадени во делот „Вежби за убаво пишување“. Внимавај на поврзувањето на буквите во зборот.
Ø  Не ја заборавај вежбата за добро читање J
Меил од наставникот






План за работа по предметот Македонски јазик за 19.3.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Интерпретација на стихотворба „Пролет“

Цели по предметот
Да се оспособува да разликува песна (стихотворба) од другите видови текстови (проза и драмски текст)
Вовед во активноста




Стихотворбата „Пролет“ се наоѓа во учебникот на страна 144.
Како по дадениот пример, во средината на листот од тетратката, нацртај цвет. Во средината на цветот напиши го зборот ПРОЛЕТ, а во останатите делови напиши зборови кои те потсетуваат на пролет.
 



Изразно и гласно прочитај ја стихотворбата.
Потоа во тетратката за секоја строфа напиши поетска слика, како и тема, мотив и порака.
Потсети се што е рима и запиши ги сите рими од стихотворбата.
Видео или аудио запис

Презентации
Линкови за активности

Наставен лист


Меил од наставникот





КВАДРАНТ ИЛИ ТЕХНИКА ПРОЗОРЕЦ
„Пролет"


Искажи се                                                               

Прочитајте ја песната  внимателно.                                                                         
Таа изобилува со многу слики, бои, звуци, чувства.                                        
Обиди се во ваквa табела да го пренесеш она што го почувствува:

Прикажи со слика
Наброј ги твоите чувства














Опиши ги звуците од песната
Врска со мојот живот

















































План за работа по предметот Македонски јазик за 20.3.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Писмена вежба „Пролет“
Цели по предметот
Да се оспособи за писмено изразување преку пишување состав на дадена тема
Вовед во активноста

          ·       Доколу сте во во можност на YouTube каналот слушнета ја композицијата „Пролет “ (извадок од „Четири годишни времиња“) од познатиот композитор Антонио Вивалди.
          ·       Затворете ги очите и дозволете пред Вас да се појават сите убавини кои со себе ги носи пролетта.
          ·        Потоа, внимателно проследете ја дадената презентација.  Таа ќе Ви помогне успешно да ја завршите задачата која следува.

          ·       Во тетратката напишете состав со наслов Пролет. Опишете ги сите промени кои се случуваат во природата со доаѓањето на пролетта. Прочитајте го на глас.

          ·       Доколку сакаш повеќе да знаеш:

          ·       На 21-ви Март се одбележува Денот на екологијата. 

     Потруди се да го дознаеш значењето на зборот „екологија“ со користење на Google пребарувачот. Прочитајте ги и еко пораките кои се дадени во продолжение и не заборавај те дека сите ние треба да се придржуваме до нив:


ЕКО ПОРАКИ

Чувај ја планетата Земја, таа ќе ти врати!
 Засади дрво, засади цвет за поубав свет!
Штеди вода и тоа е во мода!
Водата се штеди затоа што многу вреди!
 Капка вода-капка живот.
Чист воздух-здрав живот.
Секоја капка се брои.
Спаси ја планетата, таа е во твои раце!
Природата е богатство што треба да се чува.
Не ја загадувај природата, таа е нашата иднина.
Засади дрво, засади ја својата иднина!
Меил од наставникот








План за работа по предметот Македонски јазик за 23.3.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина

Цели по предметот
-Да се оспособи да препознава и разликува придавки во реченица,
како зборови што стојат до именките и ги појаснуваат именките

Вовед во активноста
Внимателно прчитајте ја стихотворбата „Пролет“ на страна 144 во учебникот. Забележуваш дека некои зборови се напишани со задебелени букви. Овие зборови стојат до именките и покажуваат:
-какво е нешто (мразот студен, гости мили,...)
-чие е нешто ( снежни води, птичја песна,...)
-од што е направено нешто ( дрвена клупа, волнено шалче,...).
Овие зборови се викаат ПРИДАВКИ.
ЗАПОМНИ: ПРИДАВКИТЕ СЕ ЗБОРОВИ ШТО СТОЈАТ ДО ИМЕНКАТА (ПРЕД ИЛИ ЗАД ИМЕНКАТА). Овие зборови ги појаснуваат именките. Со нив се кажуваат особините на суштествата, предметите и појавите.
За полесно да ги препознаеш запомни дека тие одговараат на прашањата: Какво е? Чие е ? Од што е ?


Видео или аудио запис
Во прилог
Презентации

Линкови за активности

Наставен лист
Во прилог
Формативно вреднување

Меил од наставникот






П Р И Д А В К И

1. Под секоја слика стави по две  придавки :         

     ученик                       автомобил                    ученичка чанта                      цвет



                                                                           



_____________       _________________          ______________             ___________
_____________       _________________           _______________          ___________

2 . Во дадениот текст  пронајди ги придавките и смести  ги во срцето што ќе го нацрташ на крајот од наставниот лист:



1.       БАБА ЈАНА
Старата подгрбавена баба Јана, со искината шарена, волнена шамија цврсто го држеше  искривениот стап со старите, збрчкани слаби раце . Таа одвај ги креваше старите нозе чекор по чекор. Застануваше секоја минута за да се одмори . Јанината сламена , мала колиба беше блиску , а на баба Јана и се чинеше многу далеку ....




БАБА ЈАНА










План за работа по предметот Македонски јазик за 24.3.2020
Tрето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Обработка на ракописни латинични  букви
Жж  и Шш
Цели по предметот
Да ги усвои малите и големите ракописни букви и да се оспособи за нивно поврзување во зборови и читање
Вовед во активноста
Ø  Напиши пет збора со учените ракописни латинични букви
Ø  Внимателно погледни во учебникот на страна 158 и воочи го начинот на кој се пишуваат ракописните латинични букви Ж ж и Ш ш
Ø  Напиши по три реда од буквите во тетратката
Ø  Во својата тетратка препиши ги зборовите и речениците кои се дадени во делот „ Вежби за убаво пишување “ и „ Дополни “. Внимавај на поврзувањето на буквите во зборот.
Ø  Прочитај го текстот „ Повторно во шумата“ изразно со правилен тон на гласот.

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување

Меил од наставникот



План за работа по предметот Македонски јазик за 25.3.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Обработка на песна „Пролетен повик“
Цели по предметот
Да се оспособува за изразно читање на песна-броенка со почитување на интерпункциските знаци (правилна артикулација на гласовите, зборовите и речениците, интонација, дикција, темпо и пауза при читањето).

Вовед во активноста
Прочитај ја песната „Пролетен повик“ гласно и изразно. Таа се наоѓа во учебникот на страна 152.
Обиди се песната да ја поделиш на поетски слики, а потоа запиши по една поетска мисла за секоја поетска слика, како и тема и мотив.
Во тетратката илустрирај ја онаа поетска слика која теба најмногу ти се допадна.
На крај, обиди се песнава да ја прочиташ како броеница.

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување

Меил од наставникот



План за работа по предметот Македонски јазик за 26.3.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
„Птицата не се врати“-раскажување по даден почеток
Цели по предметот
Да се оспособи за раскажување по даден почеток
Вовед во активноста
Прочитај го внимателно започнатиот текст, кој се наоѓа во учебникот на страна 153.
Обиди се сам/а
Текстот не е довршен. Твоја задача е да го прераскажеш напишаното, а потоа да бидеш писател и да го завршиш расказот.
Може да има повеќе причини зошто птицата не се вратила. Замисли си што се случила со неа. Обиди се да составиш интересен расказ.
Напиши најубаво што можеш. Прочитај го гласно напишаниот состав на некој возрасен.
Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Формативно вреднување

Меил од наставникот




План за работа по предметот Македонски јазик за 27.3.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Повторување
Цели по предметот
Да се повторат и утврдат стекнатите знаења за именки, придавки и пишување со изучените ракописни латинични букви

Вовед во активноста
Правилно и точно да се пополнат барањата дадени во Наставниот лист

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист
Во прилог
Меил од наставникот



ПОВТОРУВАМ:    ИМЕНКИ   И   ПРИДАВКИ                                                                                                                                                                                     
1.    Подвлечи ги сите именки

Помеѓу цветчето и пеперутката се разви љубов.
Цветчето го поли дождец, a пеперутката се сокри под шарениот чадор.

2. Именки се зборови со кои именуваме  __________________________________________________________________

3. Од горниот текст препиши ги именките кои означуваат:

суштества_________________           предмети  ___________________________________

појави  ___________________            чувства  ____________________________________

4. Подвлечи ги придавките во речениците.

Децата се сладат со бабиниот, миризлив, чоколаден колач.
Низ селската улица поминуваше  стара, дрвена кола.

5. Поврзи
гумени                                                               Чие се ?
дедови
валкани                                                            Kакви се ?                                
детски
кожни                                                               Од што се ?
мали

6. Додај придавка на дадената именка.
 Придавки : шарен, дрвена, таткова, валкани
 куќа  __________________                                      чевли  _____________________
фустан   ________________                                    ќерка   _______________________

7.  Следниве реченици препиши ги со ракописни латински букви:

Лидија и Лука пеат убава песна.
________________________________________________________________________________

Во шумата има многу живеат шумски животни.
________________________________________________________________________________

Златко и Тони играат топка на зелената трева. 
________________________________________________________________________________

Дедо Димо и баба Нена беа на пазар да купат домати и пиперки.
________________________________________________________________________________

Жанета и Симо видоа виножито.
________________________________________________________________________________













План за работа по предметот Македонски јазик за 30.3.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Ракописно латиница Цц и Чч
Цели по предметот
Да ги усвои малите и големите ракописни букви и да се оспособи за нивно поврзување во зборови и читање
Вовед во активноста

Во учебникот на страна 159 се двете нови ракописни латинични букви Цц и Чч. Двете ракописни букви се пишуваат исто со печатните, само што во ракописното пишување треба да внимаваме на нивното поврзување со останатите букви.
Во тетратката напиши по еден ред од двете букви.
Потоа, со ракописни латинични букви препиши го текстот од делот „ Потруди се“ , така што на местото на слики напиши зборови. Откако ќе завршиш со пишување, прочитај го.

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Меил од наставникот







План за работа по предметот Македонски јазик за 31.3.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Стихотворба „Таа земја Лагалија“
Цели по предметот
Да се оспособува за изразно читање  со почитување на интерпункциските знаци (правилна артикулација на гласовите, зборовите и речениците, интонација, дикција, темпо и пауза при читањето).
Вовед во активноста
Во учебникот на страна 156 е стихотворбата „ Таа замја Лагалија“. Прочитај ја гласно и изразно.
Размисли:
-Во која земја се случуваат необичните нешта?
-Каде се наоѓа таа земја?
-Кој ја посетил?
-Што ти кажува нејзиното име?
-Што те привлекува кон неа?
Со неколку реченици напиши состав за тоа како ти ја замислуваш земјата од твојата фантазија.
Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Меил од наставникот






План за работа по предметот Македонски јазик за 1.4.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Првоаприлска смеа
Цели по предметот
Запознавање со значењето на овој ден
Вовед во активноста
Значење на денешниот ден:
Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн. Традиционално, во некои земји како КанадаНов ЗеландОбединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат. Во други земји како ФранцијаИталијаЈужна КорејаЈапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД шегите траат цел ден.
Кај нас на овој ден луѓето најчесто се маскираат, односно облекуваат костуми или ставаат маски и се кажуваат шеги. Денес обиди се и ти на направиш некоја шега и некого да насмееш. Можеш  да изработиш маска, по дадените примери или самостојно да изработиш по своја желба.
Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Меил од наставникот











План за работа по предметот Македонски јазик за 2.4.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Текст „ И баба знае за глаголите“

Цели по предметот
Да се оспособува за читање во себе со разбирање на текстот и самостојно одговарање на прашања во врска со текстот
Вовед во активноста
Во својата тетратка напиши што повеќе зборови со кои ќе кажеш се што работи твојата баба дома.
Потоа прочитај го текстот. Сигурно ќе забележиш дека некои зборови се задебелени и тоа ќе ти помогне да научиш кои зборови се глаголи, односно што означуваат глаголите.
Во својата тетратка одговори ги прашањата од делот „Разговараме за расказот“.

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Меил од наставникот





План за работа по предметот Македонски јазик за 3.4.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Глаголи
Цели по предметот
Да се оспсобува да стекне сознание за тоа што се глаголи и да се оспособува  за нивно пронаоѓање, препознавање и користење во реченици

Вовед во активноста
Потсети се на зборовите кои вчера ги напиша за тоа што се твојата баба работи по дома. Потоа уште еднаш прочитај ги задебелените зборови од текстот „ И баба знае за глаголите“.
Сега ќе ти биде полесно да научиш кои зборови се глаголи.
Во својата тетратка запиши го следново:
Глаголи се зборови кои означуваат:
 -работа (има движење, се извршува некоја работа - оди, трча, скока, пее, носи...)
-состојба (се случува нешто, но нема движење - лежи, спие, дреме, сонува, мисли...)
- или дејство (нешто се случува во природата - врне, дува, роси, се стемнува...).
Глаголите најлесно ги пронаоѓаме доколку го поставиме следново прашање: ШТО ПРАВИ?
На пример:
Филип игра фудбал.; Што прави Филип? –ИГРА
Миа сонува убав сон.; Што прави Миа? – СОНУВА
Ветерот дува силно. ;Што прави ветерот? - ДУВА

Видео или аудио запис

Презентации
Во прилог
Линкови за активности

Наставен лист

Меил од наставникот









План за работа по предметот Македонски јазик за 13.4.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Усвојување на ракописните букви Љљ и Фф
Цели по предметот
Да ги усвои малите и големите ракописни букви и да се оспособи за нивно поврзување во зборови и читањe
Вовед во активноста
Напиши по еден ред од ракописните латинични букви Љљ и Фф.
Потоа во тетратката постапи според барањата од делот „Препиши и дополни“. Пишувај убаво и внимавај на поврзувањето на буквите.


Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Меил од наставникот



План за работа по предметот Македонски јазик за 14.4.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Поговорки
Цели по предметот
Да ги усвои значењето и пораката на поговорките; да се препознаваат и разликуваат поговорките од останатите умотворби; развивање љубов кон народното творештво.

Вовед во активноста
Следи го линкот и постапувај според барањата.

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности
Наставен лист

Меил од наставникот





План за работа по предметот Македонски јазик за 15 и 16.4.2020
Трето одделение
Наставен предмет:
Македонски јазик
Наставна содржина
Стихотворби „Велигденска песна“ и „Велигденска“

Цели по предметот
Да се оспособи за изразно и гласно читање на стихотворба; да се оспособи за правилно препишување на песна од кирилица на латиница.

Вовед во активноста

Прочитај ги двете песни. Одбери една од песните и препиши ја со буквите од македонската латиница. Под препишаната песна нацртај велигденски јајца.
Пишувај убаво и внимавај како ги поврзуваш буквите.

Видео или аудио запис

Презентации

Линкови за активности

Наставен лист

Меил од наставникот